Османи-Нуртлеу: Северна Македонија и Казахстан имаат одлична билатерaлна соработка во повеќе сфери на интерес, вклучително и во ОБСЕ

Од:

Централна Азија и Казахстан се соочуваат со повеќе безбедносни предизвици. Ситуацијата во Авганистан резултира со силни влијанија врз целиот регион, но ОБСЕ продолжува да ги поддржува земјите-учеснички во справувањето со овие влијанија преку сеопфатен пакет проекти за ублажување на ризиците.

Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртлеу што денеска се одржа во Астана по нивната заедничка средба.

„И покрај предизвиците со коишто се соочува ОБСЕ, особено поради руската воена агресија во Украина, која има огромно влијание врз нашата колективна, човечка и економска безбедност, ОБСЕ ќе продолжи координирано да работи и да нуди решенија што ќе значат поголема сигурност за луѓето од поширокиот регион на Централна Азија“, изјави Османи.

Покрај за справување со предизвиците, Претседавачот Османи истакна дека Програмската канцеларија на ОБСЕ во Астана дава поддршка на Казахстан и за спроведување на реформската агенда во земјата.

„Соработката меѓу Казахстан и ОБСЕ покажува многу добри резултати на терен. На пример, нашиот заеднички тригодишен проект за поддршка на реформите во правосудството резултира со градење на капацитетите во соработка со Врховниот суд, владините тела и националните институции за човекови права. За споменување се исто така проектите за еко пристаништа, борба против сајбер криминалот и други, што говори за опипливите придобивки за луѓето што произлегуваат од заедничката работа на Канцеларијата на ОБСЕ и институциите“, истакна Османи.

Покрај соработката на ОБСЕ со Казахстан, Османи на прес-конференцијата со Нуртлеу истакна дека и Северна Македонија и Казахстан имаат одлични билатерални односи во сите сфери од заеднички интерес – политички, економски, трговски и културни и очекува дека тие ќе продолжат да се продлабочуваат.

Османи исто така изрази и благодарност до властите во Казахстан за поддршката на приоритетите на Северна Македонија во рамки на Претседавањето со ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

Османи: Чаир има потенцијал да биде не само општина, туку и симбол на културната ренесанса на Скопје

ДУИ: Османи го претстави проектот „Чаир за сите деца“