„Македонска пошта“ издаде поштенски марки со балисти

Од:

Колекцијата на марки од неодамна е збогатена со уште две нови марки, од кои една со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944 година и претседател на Втората призренска лига и на Али Риза, соработник со фашистичкиот окупатор.

И покрај тоа што овие поштенски марки речиси два месеца стојат во колекцијата на „Македонскa поштa“, засега никој не реагира.

Screenshot_11

Во „Македонска пошта“ според мкд.мк тврдат дека поштенските марки се предложени по регуларен пат од Страна на Советот за филателија, во кој членувале стручњаци од повеќе области и одобрени од Министерството за транспорт и врски.

mkd-74946

Но, порталот наведува дека за овој скандалозен случај да добие поголеми размери, е тоа што во Советот за филателија нема историчар, туку само музичари и уметници. Сепак, предлозите на членовите на Советот за филателија биле прифатени од Министерството за транспорт и врски. Од министерството, пак, одговорија дека овој случај допрва ќе се истражи и за начинот на кој се одвивала целокупната постапка во „Македонска пошта“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Работниците во Пошта конечно го добиваат заслуженото

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски