Русија во мисија на Месечината по пауза од 50 години, лансирано возилото Луна-25

Од:

Русија го лансираше своето прво лунарно летало „Луна-25“ по речиси 50 години, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Ракетата „Сојуз 2.1Б“ која го носеше леталото е лансирана од космодромот „Восточни“, пренесува РИА. Се очекува леталото да слета на Месечината до 23 август.

Роскосмос соопшти дека Луна-25, возило тешко 1,8 тони, ќе биде на Месечината најмалку една година и ќе собира примероци.

Оваа руска лунарна мисија е прва од 1976 година.

Американскиот астронаут Нил Армстронг се стекна со слава во 1969 година како прва личност што одеше на Месечината, но советското летало Луна-2 беше првото вселенско летало кое стигна до површината на Месечината во 1959 година, а мисијата Луна-9 беше во 1966 година, прва што направи меко слетување на Месечината.

Големите сили како САД, Кина, Индија, Јапонија и ЕУ ја истражуваат Месечината во последниве години, иако јапонското слетување на Месечината не успеа минатата година, а мисијата на Израел не успеа во 2019 година, пишува Ројтерс.

Ниту една земја сè уште не направила меко слетување на јужниот пол на Месечината, а Русија сега ќе се обиде да го стори тоа.

Нерамниот терен го отежнува слетувањето на јужниот пол на Месечината, но откривањето на мраз би можело да биде историско бидејќи може да се користи за извлекување гориво и кислород, како и вода за пиење, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници