Пресврт во случајот со Михалис Кацурис во Атина. Грчките медиуми јавуваат дека заедно со загрепските хулигани на Динамо е уапсен и навивач на Панатинаикос кој учествувал во хаосот и кој е осомничен за убиство на сонародник во грчката престолнина.
Според полицијата, овој навивач одамна им бил познат на органите на прогонот, а сега е високо на листата на главни осомничени.
Се додава дека тој е меѓу оние чии отпечатоци од прсти и примерок од ДНК биле земени.
Но, во исто време има информации дека поради бројните, а различни, убодни рани, полицијата се сомнева дека всушност повеќе лица учествувале во убиството на навивачот на АЕК.