(ВИДЕО) Најмалку 36 лица загинаа на хавајскиот остров Мауи

Од:

Најмалку 36 лица загинаа на хавајскиот остров Мауи каде пожарите, потпомогнати од ураганските ветрови, го уништија и одморалиштето Лахаина, соопштија денеска локалните власти. Официјални лица велат дека е тешко да се одреди вистинската големина на штетата на островот Мауи и предупредуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Пожарот уништи голем дел од Лахаина на Мауи, туристички и деловен центар каде живеат околу 13.000 луѓе. Раселени се стотици семејства. Неколку илјади луѓе се евакуирани од островот.

Брајан Шац, американски сенатор од Хаваи, објави на социјалните мрежи дека Лахаина е „речиси целосно изгорена“.

Лахаина е историски град во западен стил на островот Мауи. Центарот на тој град е создаден на почетокот на 18 век и е наведен во Американскиот национален регистар на историски места.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар