(ВИДЕО) Најмалку шест загинаа во големите пожари на Хаваи

Од:

Најмалку шест лица загинаа во големите шумски пожари што ги зафатија Големиот остров и Мауи на Хаваи. Пожарот уништи голем дел од Лахаина на Мауи, туристички и деловен центар каде живеат околу 13.000 луѓе.

Жителите на островот објавија снимка од масовното уништување на социјалните мрежи.

– Повеќето од пожарите на Мауи сè уште не се под контрола, изјави градоначалникот Ричард Бисен Џуниор.

Властите ги советуваа туристите што поскоро да ги напуштат Лахаина и Мауи.

Гувернерот на Хаваите Џош Грин рече дека нема доволно засолништа за долгорочен престој и дека противпожарните засолништа се достапни само неколку дена.

„Она што се обидуваме да го направиме сега е да се погрижиме секој што нема потреба да биде на Мауи, да не оди во Мауи. Ќе ги пречекаме туристите кога ќе завршат пожарите. Ни требаат што повеќе хотелски соби и други засолништа што е можно повеќе да ги вдомиме нашите луѓе“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар