Холивудскиот актер Роберт Свон почина на 78-годишна возраст.
Имено, актерот ја загуби битката, и долго време се бореше со ракот на црниот дроб, потврди во средата неговиот пријател, пренесува „Варајети“.
Свон беше познат по неговите улоги во неколку играни филмови, вклучувајќи ги „Недопирливите“, „Хозиерс“, драмата од 1991 година „Бездрафт“, „Некаде во времето“, „Челично срце“, „Зона на самракот“, „Сингреј“ и многу други.