(ВИДЕО) Огромни пожари на Хаваи, луѓето бегаат и скокаат во океанот

Од:

Големите шумски пожари на Хаваи, разгорени од силните ветрови, изгореа згради и ги принудија властите да ги евакуираат и затворат училиштата во неколку заедници. Спасувачите од океанот извлекле десетина луѓе кои скокнале за да избегаат од чадот и пламените јазици, пишува Гардијан.

„Американската крајбрежна стража одговори на областите каде луѓето скокаа во океанот за да избегаат од огнот и чадот“, се вели во соопштението на округот Мауи.

Крајбрежната стража на Твитер објави дека екипажот спасил 12 лица од водата кај Лахаина.

Пожарникар кој гаси шумски пожар во Западен Мауи е пренесен во болница по вдишување чад и е во стабилна состојба, соопшти округот Мауи.

Исто повеќе патишта во Лахаина се затворени, со предупредување: „Не влегувајте во градот Лахаина“.

Противпожарните екипи во Мауи се борат со пожарите концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и внатрешна планинска област.

Не е познато колку згради изгореле, изјави портпаролката на Мауи, Махина Мартин.

Околу 13.000 домаќинства Мауи останаа без струја, објави Хаваи Електрик.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар