Али Ахмети ја изгаси „Огнената група“: Му се врати и Блерим Беџети

Од:

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети се врати во својата партија ДУИ кај лидерот Али Ахмети.

Тој беше претходно еден од лидерите на таканаречената „огнена група“ која прерасна во фракција во ДУИ, заедно со Изет Меџити и Невзат Бејта.

Ахмети беше придружуван од Беџети при посетата на семејство во село Буковиќ, Беџети ја објави со статус заедничката средба.

„Со претседавачот г. Али Ахмети во посета на семејството на г. Бари Демири од населбата Буковиќ, истакнат активист во дијаспората“, напиша Беџети на Фејсбук.

Беџети и Невзат Бејта беа дел од таканаречената „Огнена група“, но тие се вратија кај Ахмети откако ја одбија понудата на Меџити да формираат нов политички субјект.

Меџити остана сам и формираше нова политичка партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски