Трамп: Тоа што мене ми го прават се случува во земјите од третиот свет

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека тоа што му го прави Министерството за правда е исто како и она што го прават „земјите од третиот свет“.

Оваа изјава се однесува на правната постапка што е покрената против него.

„Она што ми го прави „Министерството за неправда“ е истото што го прават и земјите од третиот свет ширум светот“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Тој додаде дека на американските власти „нема да им помине со тоа“.

„Ќе ја направиме Америка повторно голема (МАГА)“, рече Трамп.

Минатата недела, специјалниот обвинител Џек Смит поднесе обвинение против Трамп со четири точки, кое го товари поранешниот претседател за измама на Соединетите држави, заговор за попречување на официјална постапка (пренос на власта), попречување и обид за попречување на службена постапка и кршење на права гарантирани со законите и Уставот на САД.

Во јуни, Трамп беше обвинет како дел од истрагата за доверливи документи кои поранешниот претседател ги изнесе од Белата куќа, а пред тоа, во март, големата порота на Менхетен го обвини Трамп за деловна измама.

Тој, исто така, се соочува со можно четврто обвинение во Џорџија, каде што обвинителите ги истражуваат неговите напори да ги поништи изборните резултати во државата.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

ВИДЕО: Камала Харис води на анкетите, Трамп ја обвинува за грабеж на 95 милиони долари

Катерина Ѓуровски

Врховниот суд на САД пресуди дека Трамп има „апсолутен имунитет“ за службени дејствија

Предраг Петровиќ

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

ВИДЕО: Трамп не би бранел од Русија членка на НАТО, ако не платила за Алијансата

Катерина Ѓуровски

Бајден: Јасно е дека Трамп ќе биде републиканскиот кандидат