Бројот на загинати во денешната железничка несреќа во јужниот дел на Пакистан се искачи на 30, додека 60 лица се повредени, соопштија властите.
Десет вагони на возот за Равалпинди излетаа од шините, а некои се превртеа во близина на пакистанскиот град Навабшах, при што беа заробени многу патници, изјави железничкиот службеник Махмудур Реман Лахо, пренесе АП.
Досега се извлечени 30 тела, додека повеќе од 60 лица се повредени, од кои некои се во критична состојба.