Словенија повторно на удар: Евакуирани се жители, се подготвува ново невреме

Од:

Метеоролозите за денеска попладне најавуваат ново невреме во Словенија, додека во поголем дел од земјата се отстрануваат последиците од поплавите со зголемен ризик од предизвикување лизгање на земјиштето.

Во Черна, превентивно, доцна синоќа се евакуирани жителите покрај сливот на реката Меже, како и жителите на општина Чреншовци, јавува РТ Словенија.

Мура синоќа кај Доња Бистрица во општина Чреншовци го проби заштитниот насип, поради што властите евакуираа 500 жители. Мура моментално има втор најголем проток во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, кој ќе продолжи уште најмалку 24 часа, со оглед на тоа што нивото на реката кај Грац во Австрија се зголемува.

Словенечките хидролози предвидуваат дека нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува и со тоа ќе се намалуваат поплавените подрачја, освен во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Но, за време на невремето не се исклучува можноста да се подигне водостојот на помалите поројни реки, особено во западна и централна Словенија.

Поради поплавите затворени се многу патишта во северниот дел на Приморје, Корушка, Штаерска, Засавје и Централна Словенија, а условите на терен постојано се менуваат. Поради опасност од лавина во Черна на Корошка доцна синоќа, превентивно се евакуирани жителите покрај сливот на Межа, во Корошка Бела.

Шефот на општинската Цивилна заштита, Игор Арха, потврди дека свлечиштето на Урбас го прегледале геолози со помош на дрон во саботата, но не можеле да донесат конечна одлука за евакуација од областа.

Одрони се закануваат, меѓу другото, на областа Словењ Градац, Велење и Шкофја Лока.

Спасувачките екипи ќе се обидат да пробијат до се уште непристапни места и села, ќе продолжи работата на воспоставување на патни врски и друга инфраструктура.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски