Eден рудар загина, а пет други се повредени по подземен земјотрес во рудник во Биелшовице во јужна Полска, објави полската новинска агенција ПАП.
Портпаролот на полската рударска група, рече дека петмина рудари биле изнесени на површината повредени, но се уште се свесни и пренесени во болница.
„Еден рудар остана под земја. Спасувачите и лекарот стигнаа до него, за жал лекарот констатира смрт. Починатата жртва е 39-годишен маж“, изјави портпаролот.
Подземниот земјотрес се случи на длабочина од 1.000 метри. Спасувачката операција е завршена.
Вкупно седум лица загинаа во Полска оваа година во рударски несреќи, соопшти Националната канцеларија за рударство.
Минатата година, бројот на жртви беше 30 во Полска, каде рударскиот сектор останува многу важен за производство на енергија.