На „Богородица“ и на „Табановце“ за излез и за влез во државата се чека околу еден час

Од:

На граничниот премин Богородица за излез и на граничниот премин Табановце за влез во државата претпладнево има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час

Катерина Ѓуровски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

ВИДЕО: Албански државјанин фатен со половина милион евра на Табановце

Катерина Ѓуровски

Унија на полицајци од Килкис: Срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕС системот

Горан Наумовски

Над 16.000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие