(ВИДЕО) Скандал: ВМРО-ДПМНЕ штити осудена директорка на училиште

Од:

На самиот почеток од учебната година, активистите на ВМРО-ДПМНЕ прават напори да го спречат нормалното функционирање на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Ранковце. На страна опструкцијата која ја прават на локалната самоуправа, ваквото нивно однесување е на штета на учениците и на образовниот процес, рече Момчило Алексовски, градоначалник на о.Ранковце.

Ова е официјален допис од Основниот суд во Крива Паланка со кој судот потврдува дека директорката на ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Слаѓана Николовска, е прогласена за виновна за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Имаме информации дека во Основниот суд во Крива Паланка се водат уште кривични постапки против ова лице.

Бидејќи не е нормално прв човек на образовна институција да биде осудено лице, госпоѓа Николовска беше разрешена. Но, разрешената директорка не дозволува да се направи примопредавање на функцијата на новоназначениот в.д. директор. Активисти на ВМРО-ДПМНЕ прават агресивни и тензични упади во образовната институција, упатуваат вербални закани до вработени во општина Ранковце и до членовите на нивните семејства.

Училишниот Одбор не функционира, а Николовска не присуствува на седниците на Совет на Општина Ранковце, ниту соработува со мене како градоначалник. Ваквото однесување ни дава за право да се запрашаме дали со ова држење на функција се сокриваат можни скандали, афери или криминал правени во претходниот период од раководните структури во училиштето?

За ова веднаш ги известивме Училишниот одбор, Државниот просветен инспекторат и Министерот за образование, но сѐ што добивме се закани за одземање на ингеренциите на општината. Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, го игнорира овој голем скандал и упорно молчи.

Општина Ранковце ќе ги користи сите правни и демократски инструменти против вмешаните во овој скандал и штитењето на овој криминал.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено