Мајка на пет деца почина откако се обиде да си ги извади умниците додека била под дејство на кокаин.
Кира Кент (29) почина во својот дом во Сент Ајвс, Корнвол (Велика Британија). Таа долго време страдала од проблеми со забите пред кобниот инцидент. „Метро“ пренесува дека од обдукцискиот извештај се гледа дека Кира имала гребаници во устата кои се конзистентни со нејзиното влечење на кожата.
Повредите, опишани како „значајни“, покажаа и дека Кира ја ставила раката во уста обидувајќи се да ги повлече забите. Нејзиниот партнер Лиам Крабтри повикал полиција бидејќи бил загрижен за нејзиното „бизарно“ однесување.
Формално се наведува дека причината за смртта е акутно пореметување во однесувањето по употреба на кокаин, што можело да ја влоши хемиската нерамнотежа во нејзиното тело, со фатални резултати.
Судскиот совет прочитал полициски извештај на судското рочиште во кое било наведено дека Кира и нејзиниот партнер имале гости на скара на денот на нејзината смрт. Откако ја земала дрогата, Кира се качила на катот, а Лијам се загрижил кога сфатил дека таа не се појавила. Ја нашол како лежи на кревет облеана во крв. Тој повикал полиција и брза помош, која, како што рече, значително доцнела.
Полицијата и ставила лисици на Кира за да спречи дополнителни повреди. Кога престанала да дише, тие се обидувале да ја реанимираат околу 30 минути пред да пристигнат медицинските лица и да констатираат смрт.
-Полицајците ја затекнале Кира во многу стресна состојба, облеана во крв, рацете и беа повредени и црвени откако ги ставала во уста. Тие храбро се бореа за да се обидат да и го спасат животот – изјави помошник судски лекар за Корнвол, Гај Дејвис.
Семејството изјавило дека Кира била „посветена мајка на пет прекрасни деца“.
„Кира беше животот и душата на нашето семејство“, велат тие.