• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Злоупотребена лична карта на жена од Пробиштип-подигнати два брзи кредити

by А1он04/08/2023 - 17:0504/08/2023 - 17:552381
Share0

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити.

Добивај вести на вибер

Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

-Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

brzi krediti

Би можело да ве интересира

Краделе податоци, фалсификувале документи, земале брзи кредити по неколку во ист ден – 43 осомничени

Катерина Ѓуровски10/04/2025 - 12:5310/04/2025 - 13:53

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра

Горан Наумовски26/03/2024 - 15:48

Народниот правобранител бара да се ограничи електронското аплицирање за брзи кредити

Катерина Ѓуровски13/09/2023 - 13:2013/09/2023 - 13:20

СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

Предраг Петровиќ22/07/2023 - 10:3222/07/2023 - 10:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен