Рускиот министер за одбрана ги посети војниците во Украина

Од:

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го посети штабот на руската армиска група „Центар“, која е вклучена во украинскиот конфликт, објавија денеска руските новински агенции, повикувајќи се на Министерството за одбрана. Командантот на групата „Центар“ го информирал министерот за борбената состојба, а Шојгу им се заблагодарил на офицерите и војниците за „успешните операции“ во близина на Лиман, пренесува Интерфакс.

На министерот за одбрана му беше представено шведско пешадиско борбено возило ЦВ-90, оставено од украинските војници што се повлекуваа откако беше погодено со рачна противтенковска граната, и беше информиран за неговите „недостатоци“. Извештајот е во согласност со руските напори за намалување на ефикасноста на оружјето и опремата што и се доставуваат на Украина од членките на НАТО и другите западни земји, наведува Ројтерс.

Патувањето на министерот дојде неколку дена по посетата на линијата на фронтот на генерал Валери Герасимов, началник на Генералштабот и врховен командант на руските сили во Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски