Сончево и многу топло, утре попладне дожд, грмежи и можно невреме

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло со умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 39 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота ќе биде многу топло и ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт в сабота во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На некои места можно е невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен за шест часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Би можело да ве интересира

До сабота раст на температурите, од недела повторно врнежи

Снег во Скопје, забрани за за камиони на Стража, Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – Ќафасан

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

А1он

Дожд, снег и пониски температури во викендот

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег

Од утре малку повисоки температури