Се скараa и истепаa две семејства од Скопје, четворица ранети завршиja во болница

Од:

МВР извести дека уапсени се С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека вчера во плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.(51) и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле Ш.И.(22) и С.И.(27).

Повредените биле пренесени во градската општа болница „8 Септември“ каде што им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики