Српски турист починал на плажа во Албанија. Се претпоставува дека 54 годишниот српски турист добил срцев удар откако влегол во морето.
Брзата реакција на спасувачките екипи и брзата помош не вродила со плод и човекот починал.
Во тек е истрага за утврдување на околностите и причината за смртта, пренесуваа албанските медиуми.