ВИДЕО: Во Грција се појави отровната риба која може со каснување да кине и месо

Од:

Властите на Крит предупредуваат на зголемено присуство на отровни риби кои може да предизвикаат дури и ампутации на делови од човечко тело. Рибарите изразуваат голема загриженост и за зголемувањето на популацијата на сребрена пуферица во водите на Додеканез и на Крит и велат дека се загрозени риболовот и туризмот.

Оваа риба која првпат беше забележана пред 20 години, се заканува да го оневозможи риболовот тотално, а рибарите ја повикуваат државата и регионот на Крит да ги информираат туристите да бидат внимателни и во исто време да ја финансираат „борбата со рибите“ бидејќи штетите на морската средина веќе се огромни.

Јанис Андролакис, претседател на префектурата Ираклион, вели дека се регистрирани голем број несреќи предизвикани од сребрената риба пуферица, која потекнува од Индискиот Океан.

„Веќе им кажавме на властите од регионот на Крит да ги информираат туристите за рибите бидејќи се агресивни. Можат да се појават на 20 места низ Крит и да дојдат до глуждот на капачите. Се сеќавате ли на случајот со детето во Сити кој беше каснато пред година и пол? Детето мораше да се оперира. Имавме уште еден случај на Калимнос. Досега имало осум инциденти. Тоа се само случаите за кои се знае, верувајте ги има уште многу, но демек ги кријат за да нема штета на туризмот“, тврди Андракулис.

Директорот за истражување во националната лабораторија, Горгос Церпес, исто така потврдува дека имало напади од оваа риба врз капачите.

“Некои напади завршуваа со ампутација. На пример, сребрената пуферица му откина парче прст на маж додека пливаше. Сме имале и такви ситуации. Човек може да види нешто како свети и се движи. Затоа е добро да се внимава додека се плива“, вели Церпес според кого рибата дошла преку Суецкиот канал.

Да потсетиме, станува збор за исклучително отровен и смртоносен вид, кој во мускулите, полните жлезди, црниот дроб и кожата содржи силен термостабилен отров, тетродотоксин. Консумацијата на оваа риба е забранета во земјите на ЕУ, но во Јапонија тоа е гастрономски деликатес познат како „фугу“, кој се подготвува по посебни процедури поради неговиот смртоносен отров. Се верува дека овој термостабилен отров е неколку стотици пати посилен од цијанидот.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната