Украинците беа принудени да се откажат од планираните напади со беспилотни летала врз руски цели поради мешањето на извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, кој ја поседува сателитската интернет мрежа Старлинк.
Киев планирал да изврши напад со минирано беспилотно летало на брод на морнарицата на Руската Федерација кој бил закотвен во пристаниште на полуостровот Крим.
Меѓутоа, Маск не им дозволил на украинските сили пристап до Старлинк бидејќи претходно истакна дека оваа мрежа не треба да се користи за напади. Затоа Украина се откажала од нападот на споменатиот брод.
Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, наводно сакал да стапи во контакт со Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, за да му се пожали дека Маск не може да диктира што може или што не може да направи украинската војска. Залужни изрази загриженост поради фактот што Маск ги спречил планираните напади. Маск се уште не ги коментирал овие наводи.
Советникот на претседателот на Украина, Михајло Подољак изјави дека војната во Украина е влезена во критична фаза и дека на украинските сили им е потребна оперативна и технолошка независност.
„Зависноста од надворешни фактори и трети страни мора да се сведе на минимум. Нашата армија е изложена на голем ризик доколку нашите операции зависат од други“, рече Подољак.
Откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари 2022 година, Маск му дозволи на Киев да ја користи Старлинк за да избегне зависност од сопствената инфраструктура, која Москва почна да ја уништува. Сепак, Маск јасно посочи дека Старлинк треба да се користи само за одбранбени цели и тој не ја промени таа одлука.
Последната контроверзност настана откако претседателката на SpaceX, Гвин Шотвел, во февруари рече дека ќе го ограничи пристапот на Старлинк до Киев за воени цели. Украина сепак ќе може да го користи за цивилни комуникации и хуманитарни акции. Сепак, Украина го користеше Старлинк и за напади со беспилотни летала.