Бразилскиот фудбалер Марсело се врати во татковината, во Флуминенсе, а на натпреварот од Копа Либертадорес се најде во центарот на вниманието.
Imágenes muy duras. Desolado Marcelo después de esta acción totalmente fortuita sobre Sánchez. pic.twitter.com/m9bYudgViE
— Juan A. Lopesino (@lopesinoJA) August 1, 2023
Тој на средбата со Аргентинос Јуниорс тешко го повреди Лукан Санчез. Марсело безгрижно ја згазна со сета тежина испружена нога на Санчез. Немаше намера, но Аргентинецот од болки остана да лежи на тревата.
Марсело заработи исклучување, а теренот го напушти плачејќи.