Битола ги менува контејнерите за хартија и пластика

Од:

Општина Битола во соработка со ЈП „Комуналец“-Битола денес ја почна замената и обновата на старите со нови контејнери за собирање на отпадна хартија и отпадна пластика.

На денешната средба со новинарите градоначалникот на општина Битола Владимир Талески соопшти дека поставувањето на новите контејнери ќе се врши етапно и од централното градско подрачје кон другите делови на градот.

– Станува збор за стандардизирани пластични затворени контејнери. Во моментов се набавени 40 контејнери за градското подрачје и 20 контејнери во битолските училишта, а за кусо време ќе бидат поставени околу 100 контејнери. Паралелно продолжуваме со чистење на дивите депонии и постојано одржување на хигиената и зелените површини во градот, но и обнова на возниот парк и механизацијата на комуналното претпријатие, посочи Талески.

Според директорот на ЈП „Комуналец“-Битола Зоран Соклевски на подрачјето на општина Битола поставени се околу 1.500 контејнери. Новите пластични контејнери се со стандардизирана форма и боја како насекаде во светот, а паралелно се поставува и друга комунална опрема, корпи и садови кои се во функција на заштитата на животната средина и високо ниво на хигиена во градот и населените места.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година