ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ја злоупотребува општината за корупциски интереси

Од:

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ја започна својата офанзива за злоупотреба на општината за свои корупциски интереси, обвини денеска на прес-конференција Даниела Рангелова, советник во општината. ВМРО-ДПМНЕ го повика првиот човек на Центар да предлага законски одлуки.

На вчерашната седница на Советот на Општина Центар, според неа, предложениот дневен ред Жерновски го надополнил со предлог – одлука за набавка на неколку машини за одржување чистота.

– Прво, тој може, доколку има средства во Буџетот предвидени за таа намена и сам, без одлука на Советот да распише јавна набавка, но тоа не го прави знаејќи и самиот дека влегува во сомнителна постапка, а одлуката на Советот ќе ја користи како покритие за своето сомнително и коруптивно однесување, рече Рангелова.

Во прилог на Предлог – одлуката, како што рече, беше доставена техничка спецификација за набавка на машината со специфични и конкретни карактеристики што укажува на планирано фаворизирање на одреден тип на производ, што е спротивно на Законот за јавни набавки.

– Жерновски и СДСМ практично и ги нацртаа машините кои веруваме дека веќе знаат од кој набавувач ќе ги добијат, бидејќи со прецизните карактеристики напишани во одлуката на Советот, како покритие на ова коруптивно однесување, тие ја отстрануваат можноста на јавната набавка да се појави било кој друг снабдувач со машини за иста цел, но со различни механички карактеристики, вели советничката.

Фактот дека Жерновски ова го прави преку ред и по вонредни и брзи постапки, за ВМРО-ДПМНЕ зборува дека сака оваа набавка да ја скрие зад таканаречената борба за спас на петте дрва.

– Партиските војници и роднини на високи функционери на СДСМ ќе глумат екологисти и револуционери, а Жерновски ќе тера сомнителни набавки, вели Рангелова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ