Кинез пливал десет часа за да избега на Тајван

Од:

Кинез пливал речиси 10 часа од кинеската провинција Фуџиан до тајванските острови Мацу во обид да „избега кон слободата“. Тој побарал помош од туристите на островот Беиган, вториот по големина остров на островите Мацу, откако го искасала пчела. Туристите ги известиле локалните власти кои пристигнале на местото на настанот и потврдиле дека се работи за илегален кинески имигрант, пишува Индипендент.

Официјалниот претставник потврди дека кинескиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар Беиган, истакнувајќи дека неговите повреди не се сериозни. Кинезот со себе носеле храна, облека, лекови и пари. Тој им кажа на властите дека тргнал на патување од полуостровот Хуангки во кинеската провинција Фуџиан до островите Мацу во Тајван во „потрага по слобода“.

Растојанието помеѓу полуостровот Хуангки и островот Беиган е околу 12 километри. Кинезот е однесен во Окружното обвинителство во Лиенчианг. Кина ги засили своите воени активности околу Тајван во последниве години, тврдејќи дека Тајван е обврзан да се обедини со Пекинг, доколку е потребно со сила, и дека нема право да одржува надворешни односи.

Тајван е самоуправен откако се одвои од копното во 1949 година по граѓанска војна. Инаку, ова не е прв ваков случај. 45-годишен кинески државјанин беше уапсен во 2020 година откако пливаше седум часа за да стигне до островот Кинмен во Тајван поради „политичкото опкружување“ во Кина. Тој беше уапсен поради илегален влез во Тајван.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени