Официјални лица во вториот по големина град во Украина, Харков, објавија дека во текот на ноќта, населени делови од градот биле нападнати со беспилотни летала и дека биле уништени два ката од студентскиот дом.
On the night of August 1, #Russian invaders attacked #Kharkiv with kamikaze drones, the military administration of the Kharkiv region, reports. pic.twitter.com/b2GlDrZHUT
— NEXTA (@nexta_tv) August 1, 2023
Шефот на полицијата за регионот Харков, Володимир Тимошко, истакна дека имало два одвоени напади, едниот на студентски дом, а другиот на самиот центар на градот, додека градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, зборувал за три напади во неговата изјава.
Студентскиот дом во моментот на ударот бил празен, додека едно лице е повредено во центарот на градот.