Макаби од Тел Авив, шампионот на Израел го официјализираше четвртото засилување во преодниот рок.
Тоа е кубанскиот кошаркар Хасиел Риверо, кој во претходната сезона го носеше дресот на шпанска Валенсија.
Риверо потпиша двегодишен договор со тимот од Менора Мивтачим Арена, а втората сезона ќе биде како опција и ќе се решава следното лето.
Во претходната сезона во Евролигата имаше просек од 9,4 поени и 3,5 скока.
Претходно во Макаби пристигнаа Тамир Блат, Џејмс Веб и Антониус Кливленд.
Се очекува Кубанецот да биде замена за Алекс Појтрес, кој стана нов член на Емпорио Армани.