ВИДЕО: Осуден на 18 години затвор користел слободен викенд, го фатиле со пиштол на улица

Од:

Осуденик од затворот во Куманово кој служи казна од 18 години, а кој користел слободен викенд бил приведен во Штип со автоматски пиштол.

-На 30.07.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип на булевар „Гоце Делчев“ во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм. Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Од МВВ информира дека за случајот е известен јавен обвинител и против кочанчанецот ќе биде поднесена кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“