Министерството за туризам и Грчката национална туристичка организација објавија дека е укината вонредната состојба на островот Родос.
– Животот се враќа во нормала низ островот вклучително и подрачјата кои беа зафатени од пожарот. Жителите на Родос кои беа несебични деновиве заедно со државата со нетрпение очекуваат уште еднаш да им понудат гостопримство на туристите кои го посетуваат овој дел од Грција, се вели во соопштението.
Грција пред два дена прогласи вонредна состојба на овој остров, каде со денови беснеат пожари.