Мицкоски за декларацијата на СДСМ за Илинден: Ова е обид да глумат патриоти откако распродадоа се што можеа да

Од:

Смешни се овие гимнастики на помалиот коалициски партнер СДСМ. Ова е обид да глумат патриоти откако распродадоа се што можеа да распродадат овие шест години. Вака денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на Вевчани, ја коментираше иницијативата на СДСМ за декларација Илинден доставена во Собранието.

„Инаку прво да ја видиме декларацијата, да видиме и таму да не има некакво скриено предавство, бидејќи кога ќе доаѓа нешто од помалиот коалициски партнер во Владата СДСМ треба многу убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот супстрат и македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа „ако нема ништо спорно, не само што ќе ја поддржиме, туку и ќе ја надградиме“.

„Бидејќи се сеќавате уште минатата година зборувавме за една декларација за македонскиот великан Гоце Делчев кога овие од СДСМ се потсмеваа, односно велеа дека таков тип на декларација тие немале да поддржат бидејќи заштитиле не знам што“, кажа Мицкоски.

Мицкоски заклучи дека во суштина оваа Влада „распродаде се што можеше да се распродаде“.

Би можело да ве интересира

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски

Од градоначалникот па надолу сите во Гостивар треба да понесат морална одговорност за кризата со водата, смета Мицкоски

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста