Бугарскиот амбасадор во земјава синоќа побарал итно расчистување на случајот со избодениот навивач на Левски во инцидентот кој се случи вчера попладне во пресрет на дуелот на бугарската екипа со Шкупи.
Според бугарските медиуми, и нивното Министерство за надворешни работи го следи случајот. Бугарските медиуми се жалат дека проблемите на навивачите на Левски почнале уште на границата каде што биле детално претресувани.
19-навивавачи на Левски се уапсени синоќа бидејќи влегоа во физичка пресметка со македонската полиција на стадионот „Тодор Проески“. Приведени се и двајца навивачи на Шкупи.
Министерството за надворешни работи информираше дека се идентификувани поголемиот дел од напаѓачите на колоната на Левски во Чаир.
Повредениот навивач е во стабилна состојба на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што беше опериран.
.