Во руските медиуми и социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ се ракува со африкански функционер на маргините на руско-африканскиот самит во Санкт Петербург. Ова е првпат Пригожин да биде виден во јавноста во Русија откако минатиот месец започна вооружен бунт против руското воено раководство.
Бунтот заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Договорот подразбираше дека Пригожин ќе замине во Белорусија. Кремљ потврди дека неколку дена по востанието Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ, а Пригожин со себе ги зел и Вагнеритите.
Head of Wagner PMC Yevgeny #Prigozhin met in St. Petersburg with representatives of the #CentralAfricanRepublic as part of the Russia-Africa Forum. pic.twitter.com/YBFR89RQU1
— NEXTA (@nexta_tv) July 27, 2023
По востанието, Пригожин се појавува само на видеа и фотографии за кои се претпоставува дека се направени во Белорусија. На 14 јули руските медиуми објавија фотографија на која Пригожин седи на кревет во шатор.
„Руските медиуми објавуваат наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор во (наводно) Белорусија“, напиша тогаш Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.
Пет дена потоа се појави видео на кое се гледа како Пригожин ги поздравува Вагнерците во базата во Асиповиче. Сепак, видеото е снимено на слаба осветленост, па не можеше со сигурност да се каже кој се наоѓа во него. Директорот на ЦИА подоцна потврди дека основачот на Вагнер бил во Минск.