Јовески до Ковачки: Не поднесувам оставка, јас сум задоволен од обвинителството

Од:

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески не поднесува оставка поради недовербата во обвинителството и поради непостапување во случајот со запаленото возило на пријателот на Артан Груби, како што тврди пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки го обвини Јовески дека го брани Артан Груби и дека е најодговорен за 1% доверба на обвинителството.

– Срамота е ова што го правите на Македонија, поради таквите како вас ни воведуваат санкции, ни носат оценски комисии. Не сте го повикале Артан Груби да даде исказ, од страв да не паднете и вие – рече Ковачки.

Јовески пак му врати дека е задоволен од состојбата во обвинителството.

– Овие закани не ме секираат со оглед на тоа дека одговорно ја извршувам функцијата и јас сум задоволен како се одвиваат состојбите во обвинителството. Ние заедно со другите истражни органи ги преземаме соодветните мерки за незгодите со палење автомобили и откривање на сторителите. Истрагата не се спроведува во првиот момент. Се преземаат дејствија во утврдување на околностите дали има кривично дело и евентуално утврдување на сторителот на кривичното дело, му рече Јовески на Ковачки.

Според него, довербата во Јавното Обвинителство е став на перцепција.

-Таа доверба не е неповолна за Обвнителството, но истовремено е неповолна и за Собранието. Ве молам да ги поддржите активностите на ЈО и правосудните органи во делот на справувањето на справување со ваквите состојби. Нема да поднесам оставка јас. Можам да ве известам дека тоа задоволство нема да ви го овозможам – му рече Јовески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците

Ковачки: Вредеше ли предавството? Се откажавте од име, Устав, историја! Овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот, имаме план за развој и враќање на надежта кај луѓето

Предраг Петровиќ

Ковачки: Во „Платформа 1198“ предвидуваме целосна реконструкција на патот Пехчево – Делчево

Ковачки: Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица

Катерина Ѓуровски

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ