Во лабораториите на Институтот за технологија во Џорџија, научниците оживеаја бактерија стара 500 милиони години.
Генот стар 500 години научниците го инјектирале во модерна бактерија „ешерихија коли“ и досега во лабораторијата во Џорџија се созададени над 1.000 генерации од првобитната бактерија.
Научниците сакаат да откријат дали оваа бактерија ќе еволуира на ист начин како и првиот пат или ќе тргне по некој нов еволутивен пат.
– Можноста за набљудување на ген стар 500 милиони години во модерен организам додека еволуира ни овозможува да видиме дали еволутивниот пат ќе се повтори или организмот ќе следи некој друг пат. Орагнизмот на почетокот не беше здрав и силен како неговите модерни верзии, изјави научникот Бетил Качар.
Новата бактерија мутира многу брзо и не само што ја достигна силата на модерните бактерии, туку некои нејзини подвидови се поздрави и многу посилни од модерните.
– Со помош на овој процес ќе бидеме во можност да одговориме на голем број прашања од еволутивна и молекуларна биологија. Меѓу другото сакаме да знаеме дали историјата на организмот ја ограничува неговата иднина и дали еволуцијата секогаш води кон иста, однапред дефинирана точка или различни решенија на истиот проблем, изјави Качар.