Директорот на Агенцијата за управување со одеземен имот, Дритон Небиу соопшти дека институцијата која ја раководи од март до јули годинава префрлила 650.000 евра во државниот буџет.
Агенцијата за пет месеци врз основа на правосилните судски пресуди, извршила конфискација на парични средства и спровела успешни продажби на одземен имот.
„Агенцијата во периодот од март до јули 2023 година врз основа на правосилните судски пресуди, изврши конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби на одземен имот за што денес во државниот буџет се префрлени 40.000.000 денари односно 650.000 евра“, објави директорот Небиу.
Небиу неодамна изјави дека е потребен нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе разговарал со министерот за правда Кренар Лога.
Посочи дека најголемиот проблем со кој се соочува Агенцијата е тоа што складиштата се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи.