Загинаа двајцата пилоти од канадерот кој се урна во Грција

Од:

Грчкото Министерство за одбрана потврди дека двајца пилоти на грчките воздухопловни сили загинале кога нивниот хеликоптер се урнал при гаснење на пожар на островот Евија. Тој е вториот по големина грчки остров по Крит.

Жртвите се идентификувани како 34-годишниот пилот Христос Мулас и неговиот 27-годишен копилот Перикле Стефанидис.

Министерот за одбрана Никос Дендиас рече дека тие ги загубиле животите „за време на должноста додека се обидувале да ги заштитат животите и имотот на граѓаните, како и природата на нашата земја“.

„Нашите мисли се со нивните семејства и колеги, на кои им изразуваме најдлабоко сочувство“, додаде тој.

Грчкото Министерство за одбрана прогласи тридневна жалост во вооружените сили за пилотите кои ги загубија животите во гаснењето на пожарот над Евија.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната