Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Од:

Бројот на жртвите на шумските пожари во Алжир се искачи на 34, бидејќи северноафриканските земји се погодени од топлотен бран. Полицијата соопшти дека во пожарите загинале 24 цивили и десет војници.

Околу 8.000 припадници на цивилната заштита излегоа на терен да им помогнат на жителите и да ги изгаснат пожарите што избувнаа во неделата. Досега се евакуирани 1.500 луѓе.

Во соседен Тунис, оваа недела избувнаа пожари во западните шумски области во близина на границата со Алжир, додека во некои делови од земјата беа измерени рекордни температури.

Би можело да ве интересира

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино

Пожар во скопската населба Бутел 1, се запали кровна конструкција на барака