Еден мигрант е убиен во вооружена пресметка меѓу две групи мигранти во близина на автопатот кај месностат Хајдуково, потврдија во Вишото јавно обвинителство во Суботица.
Синоќа околу 21 часот дошло до нова вооружена пресметка меѓу две групи мигранти во близина на автопатот. Како што потврдија за РТС од Вишото јавно обвинителство во Суботица, во таа пресметка е убиен еден мигрант.
Во болницата во Суботица има двајца помлади мигранти на кои им се констатирани прострелни рани на долните екстремитети.
Засилено е присуството на полицијата и Жандармеријата на подрачјето на Хајдуково и пограничниот појас, кои трагаат по сторителите на вооружената пресметка.