(ВИДЕО) Eвакуирани речиси 2.500 луѓе од грчкиот остров Крф

Од:

Властите денеска евакуираа речиси 2.500 луѓе од грчкиот остров Крф додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари во Грција.

Десетици илјади луѓе веќе избегаа од пожарот на островот Родос, а многу преплашени туристи се обидуваат да се вратат дома.

Од недела до понеделник од Крф се евакуирани околу 2.400 туристи и локални жители, изјави портпаролот на противпожарната служба, додавајќи дека тоа е мерка на претпазливост. Грција се соочува со продолжен период на екстремни горештини што го зголемија ризикот од пожари и загрозени туристи во екот на туристичката сезона.

Британката Кели Скверел изјави дека полицијата им наредила на луѓето од нејзиниот хотел во Родос да се евакуираат.

„Моравме да заминеме. Така пешачевме околу шест часа на жештината“, изјави таа за АФП на меѓународниот аеродром.

Родос, кој забележа 2,5 милиони пристигнувања на посетители во 2022 година, е една од водечките дестинации за одмор во Грција. Грчката телевизија емитуваше слики од долги редици луѓе, некои во облека за плажа, кои влечат куфери по патиштата на островот во саботата, кога беше наредена евакуација.

Би можело да ве интересира

Изгореа покрив и кат од семејна куќа во Струмица

А1он

Пламнал пожар во празен автобус на ЈСП

Старец изгоре во пожар во селото Стримница

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Пронајдени се две тела во запалена куќа во скопското село Морани

Горан Наумовски

Активен е пожарот на планината Беласица меѓу селата Смоларе и Мокрино