ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Од:

Макс Верстапен ја продолжи својата доминација на трката за ГН на Унгарија бидејќи ја оствари седмата последователна победа во Формула 1, а тимскиот колега од Мекларен, Ландо Норис, кој втор мина низ целта, се чини дека мислеше дека му се „здосадија трофеите“. Така, за време на прославата на подиумот се случи невиден инцидент кога Норис додека „насилно“ го отвораше шампањот, го собори пехарот на Верстапен и – го скрши.

Норис удри во дното на шишето шампањ на подиумот каде што се наоѓаше трофејот на Верстапен, по што се распадна на парчиња, што британскиот возач на почетокот не го ни забележа. Кога погледнал наоколу, видел што направил и веднаш му се извинил на Верстапен и почнал да се смее со него.

Станува збор за специјално направен порцелански пехар за кој се потребни шест месеци работа и чини неверојатни 40.000 евра. И иако тоа не му значеше многу на Холанѓанецот, тоа секако му значеше на скулпторот ангажиран од организаторите на Унгарското ГП на Хунгароринг, чии напори паднаа во вода. Засега не се знае што ќе се случи и дали ќе се обидат некако да го поправат уништениот пехар- или пак ќе треба да се преправи.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес