Познатата руска тенисерка Вера Звонарева (ВТА:655) доби забрана за влез во Полска и нема да може да настапи на ВТА турнирот во Варшава.
Како што јави агенцијата Ројтерс, ѝ бил забранет влез поради „јавна и државна безбедност“.
Звонарева (38) се обидела да влезе во Варшава со француска виза, но полското МВР решило да го одбие тоа барање.
-Граничниот полицаец ја спречи руската тенисерка Вера Звонарева да влезе во Полска.
ВТА исто така го објави целиот настан:
„ВТА е свесна за ситуацијата во која се наоѓа Вера Звонарева во Варшава. Безбедноста и благосостојбата на сите играчи се врвен приоритет. Вера ја напушти Полска, а ВТА дополнително ќе го процени проблемот со настанот“, се вели во соопштението на организацијата ВТА.
Полска стана еден од најверните сојузници на Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, и поради таа причина Звонарева е на списокот на лица кои се сметаат за „непожелни“ во земјата.
Во текот на кариерата Звонарева освои 12 титули, а во 2010 година беше втора на ВТА листата. Таа исто така освои бронзен медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година