Левица: Компании блиски до Мицкоски и до СДСМ ќе градат бетонско чудовиште во Гази Баба

Од:

Од крајот на 2021 година, кога опозицискиот бран резултираше со пораз на СДС на локалните избори – го живееме времето на широката коалиција. Раководствата и функционерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не соработувале повеќе и не биле поблиски отколку сега. Двете најголеми партии кохабитираат на власт.

Се чини, дека пред нас претстои уште едно крунисување на нивната плодна соработка, во доменот каде што тие се најсреќни и конструктивни меѓусебно – а тоа е градежништвото.

Имено, во општина Гази Баба, ќе се гради урбанистичко чудовиште од 50.000 квадратни метри – 16 згради со по над 10 ката, на простор поголем од ИстГејт мол – проект од кој ќе профитираат единствено фирми блиски до раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на жителите на Гази Баба и Скопје.

Здружените фирми во овој бизнис подвиг, се познати имиња кои ги следат низа коруптивни скандали. Повеќе детали за фирмите до медиумите ќе пратиме преку партиско соопштение.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ после 7 години опозиција не бира средства да ја наполни партиската каса, додека за СДСМ овој ентузијазам на нивните пријатели од ВМРО-ДПМНЕ е добродојден, бидејќи им овозможува непречено одвивање на криминалните дејности.

Монструозните Детални урбанистички планови кои ги сервираат градоначалниците на ДПМНЕ, потврдуваат дека партијата никогаш не ги штитела народните интереси – туку работела само за интересите на олигархијата – и заедно со СДСМ им ја приредуваат мизеријата на жителите на Скопје и Република Македонија, рече на прес-конференција, Амар Мециновиќ, портпарол на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Училиштата да обезбедат систематски и ефективни обуки за самозаштита на учениците

Мојсоска: Фрчат тендери за сирења, а фамилиите молат за помош – тоа ли е владиното „Кочани наш приоритет”?

Левица: Елитните единици при МВР бараат подобрување на статусот кој во континуитет се деградира

(ВИДЕО) Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани – власта гласаше против

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани