Силно невреме, пропратено со дожд, грмежи и бурен ветер, во синоќа повторноо ги зафати Хрватска, Босна и Србија.
Силниот ветер собори дрвја во Бања Лука, Дервента и Прњавор.
Во невремето што го зафати Нови Град оштетени се покриви на станбени и помошни објекти, како и во Вукосавље. Силно невреме ги погоди Шамац, Брчко, областа Градишка, Лакташ и Српач пренесува РТРС.
Градоначалникот на општина Вукосавље, Борислав Ракиќ и министерот за човекови права и бегалци во Советот на министри, Севлид Хуртиќ ги посетија локалитетите каде е причинета голема материјална штета.
Republika Srpska pre par sati.😳 pic.twitter.com/zNiQzaKI59
— CECA (@Ceca2103) July 21, 2023
Поради невремето беше соборен предавателот на РТРС во Дуги Њива, по што без сигнал останаа Посавина, Семберија, Подриње, регионот Сараево-Романија и Херцеговина.
Невремето е забележано и на северот на Босна и Херцеговина. Со силен ветер падна и град со големина на топче за пинг-понг, што е забележан во областа Босански Нови.
Во невремето што во петокот вечерта ја зафати Хрватска, според првите информации, повредени се седум лица – шест во кампот во Новиград и едно во Опатија.
Storm in Novigrad, Croatia: https://t.co/BcWEjcQN6Z
— PulsarWX (@PulsarWX) July 21, 2023
Еден човек исчезна за време на невреме во морето кај Новиград, а започната е потрага, пренесува порталот Индекс.
Силно невреме во петокот попладне прво ги зафати Истра и Кварнер. Паѓаше град, а силниот ветер корнеше дрвја. Невремето потоа се пресели во внатрешноста на Хрватска.
Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, по новото силно невреме што го зафати Загреб изјави дека пожарникарите излегле на терен повеќе од 200 пати, додавајќи дека најважно е дека нема повредени.