Еден од најдобрите светски голмани Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга беа мета на провалници кои од нивниот дом во Париз украдоа пари и предмети вредни 500.000 евра.
Светските медиуми јавуваат дека неколку напаѓачи упаднале во нивната куќа во центарот на Париз.
„Отворена е истрага поради вооружен грабеж организиран од банда и сериозно насилство, по настаните што се случија во текот на ноќта во куќата на Донарума“, изјави портпаролот на париското обвинителство.
Според извештаите од Франција, голманот е полесно повреден, додека неговата сопруга Алесија Елефанте е неповредена.
Непотврдени информации велат дека е украдена стока вредна половина милион евра.
Донарума стана жител на Париз во 2021 година откако се пресели од Милан во Пари Сен Жермен.