Одлуките на САД се базираат на информации собрани во земјава, не во Вашингтон, што понатаму останува на надлежните тука, вели Агелер

Од:

Американската амбасада не може да и кажува на која било институција во земјава што треба да презема, но ние бевме способни да најдеме значителни и важни докази за овие поединци да ги повикаме на одговорност и бевме способни тие информации да ги најдеме и собереме тука во оваа земја. Ова не се базира на информации собрани во Вашингтон, тие информации се достапни тука за институциите во земјата да ги развијат тие случаи и дали, како и кога ќе го сторат тоа останува на властите тука и се надевам дека сите разбираат дека овие поединци пред се вршат штета врз граѓаните на оваа земја, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Таа одговори на новинарско прашање да даде оценка на реакцијата на властите по поместување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на црната листа на САД, кому му беа замрзнати партиските функции во ДУИ, но сепак се уште е на градоначалничката позиција. За него по ставањето на листата излезе и Јавното обвинителство дека врши вонреден надзор во 30 заведени предмети против Мерко, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети, Комисијата која вршела увид, како што информираа од ЈОРСМ, испратила укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување.

Американското Министерство за финансии го означи Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД поради коруптивни и криминални дела, а сега на надлежните органи и институции во земјвата е што по

Агелер денеска потенцира дека овие поместувања на црната листа на САД се неполитички и неперсонални и поврзани исклучиво со американските закони.

-За тоа што тие поединци прават тука во земјава, за реакцијата во однос на нивните постапки тоа е целосно до нив и верувам дека тука огромна улога имаат и медиумите и јавноста. Нема да доаѓаме во Северна Македонија и да апсиме некого или да отвораме случај против некого, но интересно е да се види какви активности следуваат тука по означувањата, рече Агелер.

Во врска со американскиот тим за санкции напомена дека веќе бил тука и оти информациите кои ги собрал се преку активностите на Амбасадата со нејзините партнери, со истражните органи на земјава, со праводуството, а дали повторно ќе доаѓа напомена дека нема конкретен податок, но дека тоа е согласно нивните регулано планирани активности.

Стејт департментот минатиот месец го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција.

-За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, беше истакнато во соопштението.

Минатата година САД на својата „црна листа“ ги ставија и поранешниот премиер Никола Груевски и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков заради нивна вмешаност во „значителна корупција“. – Нивните постапки ги поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади, беше наведено во тогашната одлука на САД.

Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот ги санкционираше и членовите на нивните потесни семејства, кои добија забрана за влез во Америка. Претходно на „црната листа“ на САД, беа ставени и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Би можело да ве интересира

Агелер: Црната листа на САД е динамична и отворена за нови имиња

Катерина Ѓуровски

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Горан Наумовски

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

A1on

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Банките во БиХ бараат решение за сметките на лицата кои се на црната листа на САД за да избегнат санкции