Тркало испадна од камион, удри во шофершајбна и усмрти 18-годишна девојка

Од:

18-годишна студентка од Кентаки загина кога тркало се откачи од камион. Тркалото минало низ шофершајбната на нејзиното возило и ја усмртило, утврдија истражителите.

Лорен Колинс возела во близина на границата со Охајо, кратко по полноќ, кога тркалото испаднало од камионот на автопатот.

Тркалото го „прескокнало“ бетонскиот насип, а потоа удрило во ветробранското стакло на нејзиното возило.

За брзо време пристигнале Брза помош и противпожарната служба од Волтон.

Колинс била пренесена во болница со повреди опасни по живот, каде подоцна починала. Полицијата соопшти дека Колинс била сама во возилото.

Возачот на камионот се уште не е идентификуван.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче

Жена од Прилеп тешко e повредена во сообраќајка

Горан Наумовски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Две жени се повредени во сообраќајка во близина на Неготино

Горан Наумовски

Малолетничка е тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Сообраќајка меѓу четири возила на патот Куманово – Крива Паланка

А1он