МЗ: Еден донор спаси четири животи

Од:

Од еден донор утрово се спасени четири животи, информираат од Министерството за здравство (МЗ) и посочуваат дека првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

-Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму изразуваат благодарност до семејството на донорот кои, како што велат, со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина, а на пациентите кои добија органи им посакуваат брзо опоравување.

-Благодарност и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

ВИДЕО: Министерството за здравство ќе спроведе вонреден надзор по случајот со 19-годишната пациентка парализирана по царски рез

Катерина Ѓуровски

МЗ: Лекот „Фостер“, кој е на позитивната листа наскоро ќе биде достапен зa пациентите без доплата