13-годишник возел „БМВ“, се судрил со друг автомобил – четворица повредени

Од:

Маж на 46 години и жена на 27 години се тешко повредени, а со телесни повреди се здобиле и 13 годишни дете и 26 годишно момче при судир на две возила вчера на патот Челопек-Милетино.

Според увидот на полицијата едното возило било управувано од 13 годишното дете.

– Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки. „Фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13 годишен малолетник од Челопек. Во несреќата, сопатниците од „голфот“ С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира денеска Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско